Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија годинава се одржува по 17-ти пат. Во изборот на автомобилот на годината во Македонија учествуваат сите нови модели кои на македонскиот пазар се појавиле меѓу двата избора. Жирито во состав Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Томислав Биљарац, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Горан Антевски, согласно процедурите за изборот предвидени со Правилникот за работа, го избра автомобилот за 2012 година во Македонија меѓу годинешните финалисти: Цитроен Ц4, Ауди Љ3, Мерцедес Б, Хјундаи Елантра, Киа Рио, Шевролет Авео, СангЈонг Корандо, Тојота Јарис и Сузуки Свифт. Критериумите според кои одлучуваше се: адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичноста и еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот и комфорот и опременоста.
Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија годинава се одржува по 17-ти пат.
Во изборот на автомобилот на годината во Македонија учествуваат сите нови модели кои на македонскиот пазар се појавиле меѓу двата избора. Жирито во состав Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Томислав Биљарац, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Горан Антевски, согласно процедурите за изборот предвидени со Правилникот за работа, го избра автомобилот за 2012 година во Македонија меѓу годинешните финалисти: Цитроен Ц4, Ауди Љ3, Мерцедес Б, Хјундаи Елантра, Киа Рио, Шевролет Авео, СангЈонг Корандо, Тојота Јарис и Сузуки Свифт.
Критериумите според кои одлучуваше се: адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичноста и еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот и комфорот и опременоста.
По деталните анализи и оценувања на деветте финалисти, националното жири за автомобил на 2012 година во Македонија го изгласа Киа Рио, додека признанието за СУВ на годината во Македонија, кое се доделува за прв пат, му го додели на СангЈонг Корандо. Свечената манифестација на која на Киа Рио и СангЈонг Корандо ќе им бидат врачени титулата Автомобилот на годината", односно признанието за СУВ на годината во Македонија, ќе се одржи на крајот од овој месец.